Бразилскиот аматерски кошаркар Жоао Виктор Гомез да Силва останал шокиран кога видел дека на неговата банкарска сметка се уплатени 350.000 евра, кои всушност требало да му бидат исплатени на негов сонародник професионален фудбалер со истото презиме.
Грешката ја направила администрацијата на бразилскиот фудбалски гигант Фламенго од Рио де Женеиро. Гомез до 2020 година настапувал за истоимената кошаркарска екипа, а фудбалскиот клуб неговите податоци ги помешал со податоците на фудбалерот Жоао Виктор Гомез да Силва, кој во јануари направи трансфер во премиерлигашот Вулверхемптон.
„Бев уплашен, бидејќи не знаев од каде доаѓаат парите“, изјави 19 – годишниот Гомез за порталот „Глобо Еспорте“.
„Мислев дека некој направил грешка кога ми ги уплатил парите или нешто слично. Мојот пријател исто така ми рече дека морам да бидам внимателен, бидејќи некој може да ја користи мојата сметка за перење пари“, додаде кошаркарот.
Неговиот сонародник со исто презиме во јануарскиот преоден рок дојде во Вулверхемптон од Фламенго за 18.7 милиони евра, а како дел од договорот Гомез од бразилскиот клуб требаше да добие надомест од околу 350.000 евра.
Фламенго ја извршил уплатата на 27 февруари, а грешката била констатирана четири денови подоцна.
„Сè ќе решиме во најкус можен рок“, вети кошаркарот Гомез.
Извор: makpress.mk