Тешки времиња, уште потешки избори.
Препораките велат да не се позајмуваат пари на пријатели и роднини, ако не сакате да ги одредувате условите за враќање и ако ви е непријатно да ги побарате назад, за да не ги расипете блиските односи, смета психотерапевтката Ана Стори.
„Доколку, сепак, треба да дадете заем, таа советува да подготвите писмен договор во кој ќе се наведе износот и условите за отплата на заемот. Доколку не го направите ова однапред, бидете подготвени да не ви се вратат парите“, предупредува психологот.
Можеби ќе ве интересира: Еве колку би заработиле сега да сте вложеле 1.000 долри во Кока Кола во исто време како и Ворен Бафет
Ако вашиот пријател е навреден од тие услови – очекувајте дека парите или нема да бидат вратени, или ќе бидат, но не наскоро.
„Личноста во овој случај ќе продолжи да се однесува незрело и ќе се обиде да направи вие да се чувствувате виновни. Во овој случај вие одлучувате дали ќе дадете пари или не, со тоа што ако дадете, ‘ќе ги подарите’, не ги позајмувате!“, објаснува Ана Стори.
Извор: kajgana.com