Четири од пет најплатени работни места во осигурувањето се резервирани за актуарите. Американската осигурителна индустрија е најсилна во светот и со тоа и најпосакувана за вработување. И кај нив платите не се кријат. Напротив тие се статусен симбол и јавен доказ и признание за тоа колку се вреднува трудот според неговите работни вештини. Прочитајте ги најплатените работни места во осигурувањето подолу...
Рангирањето е правено за плати во 2023 година.
Во првите пет најплатени четири работни места се за актуари!
Најдобро платен работен профил во САД е актуар – консултант. Овој специфичен профил е специјализиран за висококвалитетни финансиски совети за процени на ризици. Неговата работа е прибирање и анализа на податоци и понуда на решенија за дадени предизвици. За да стекне квалификација на актуар – консултант на пазарот во САД овој стручњак (најчесто се математичари н.з.) мора да има повеќегодишно актуарско искуство и врвни познавања од областите на финансиска ревизија и на моделирање ризици. Негова привилегија е тоа што може да работи и како фриленсер. Платата? До 160.000 евра годишно односно 13.330 евра месечно.
Актуар специјалист за животно осигурување е вториот најдоброплатен стручен профил во американската осигурителна индустрија. Негова главна задача е одредување на цената на полисата за осигурување живот со цел минимизација на трошоците и на ризикот. Платата е до 139.000 евра годишно односно 11.600 евра месечно.
Можеби ќе ве интересира: Колку заработуваат возачите на автобуси во Германија: „Дојдете на работа, хронично ни недостасуваат возачи“
Втората позиција со специјалистот за живот ја дели неговиот колега актуар специјализиран за утврдување на висината на премијата (цена на осигурувањето). Негова главна задача е преку анализа на податоци и користејќи ги своите математички вештини во пресметка на ризиците да ја дефинира цената на осигурителниот производ. Платата достигнува до 11.600 евра месечно.
Финансиски директор во автомобилско осигурување е единствениот профил во петмината најплатени кој не е актуар. И не работи во осигурителна компанија туку во фирма која продава автомобили. Негова основна работа е осмисли, понуди и убеди купувач да купи најсоодветно осигурување за својот нов автомобил. Платата за овој профил е до 135.000 евра годишно односно 11.200 евра месечно.
Актуарот во американската осигурителна индустрија врши обликување и процена на финансиските ризици на идни настани користејќи SQL бази и ексел. Актуарот на ова работна позиција за разлика од претходните не работи на дефинирање на цените за осигурителните производи. Нивната главна дејност е програмирање или примена на софтверите за управување со ризиците. Најголемата плата на таа работна позиција е 128.000 евра годишно односно до 10.700 евра месечно.
Менаџерите за осигурување задолжени за управување на дневно ниво со деловните активности на осигурителните друштва оваа година може да очекуваат годишна плата до 116.000 евра. Односно до 9.700 евра на месечно ниво. Нивна главна задача е мониторинг на работата, скрининг на деловните процеси и развој на модели за процена на финансиските ризици што ги превземаат компаниите за осигурување.
Агент специјализиран за осигурување несреќни случаи е следниот најдобро платен профил во американската осигурителна индустрија. Нивната годишна плата достигнува до 112.000 евра, а главна работа е процена на барањата за лично или комерцијално осигурување.
Колку е развиен американскиот систем на осигурување доволно говори тоа што имаат специјалист – здравствен актуар. Нивната работа е анализа на здравствени податоци во комбинација со главни пазарни трендови. Работата за која се платени е на високиот менаџмент да му целта е подготват решенија и предлози за стратешките финансиски планови. Исто така работат на проценка на предмети, а даваат мислења и за медицински обрасци за нови ризици и продукти. Платата за овој профил е до 108.000 евра годишно односно 9.000 евра месечно.
Следен профил е директор за штети. Неговата работа е на оперативно ниво да ја организира и води работата организациските единици за штети. Воедно ги планира и долгорочните активности на организациската единица. Платата е до 107.000 евра годишно односно 8.900 евра месечно.
Во најплатените десет работни места е главниот проценител на штети. Неговата приоритетна работа е анализа на штетни настани. Платата е до 106.000 ера на годишно ниво односно 8.800 евра месечно.