Пред 50 години беше претставен првиот мобилен телефон на светот – „Motorola DynaTAC 8000x“.
На 3-ти април 1973 година, инженерот Мартин Купер го упатил првиот повик преку мобилен телефон. Тој стоел на аголот на Шестата авенија во Њујорк, впишал број на уредот и го ставил на уво. Тогаш му се јавил на својот колега од конкурентската компанија „Bell Laboratories“ за да му каже дека го бара од преносен мобилен телефон.
„Мислам дека чкрипеше со забите“, се присетил низ смеа денес 94-годишниот Купер за „BBC“.
Неодамна раскажал дека тогаш очекувале дека еден ден сите ќе имаат мобилни телефони, но дека никој не ни помислувал дека овие уреди ќе станат мали преносни компјутери.
Првиот мобилен телефон на светот имаше LED дисплеј на кој се прикажуваа максимум 7 знаци, полнењето на батеријата траеше околу 10 часа, а истата овозможуваше 30 минути разговор. Телефонот можеше да запомни до 30 бирани телефонски броеви.
„Motorola DynaTAC 8000x“ беше тежок 790 грама, што е речиси 4 пати повеќе од тежината на „iPhone 14“.