Сунчица Јовановиќ, вработена во секторот за јавни набавки во установата за предшколска возраст во Житораџа, успеала со својата истрајност да ја смени директорката В.К. која наводно и вршела мобинг.
Сунчица работела во градинката од 2013 година, и за себе вели дека никогаш немала проблем со своите надредени, но дека со директорката никако не можела да соработува. Јовановиќ тврди дека В.К и се мешала во работата, ја бркала од канцеларија, и секогаш била нељубезна со неа. Се однесувала арогантно и нечовечки. Поради овој однос, Сунчица решила да ги превземе работите во свои раце. Таа исто така вели дека откако во октомври 2015 година В.К станала директорка, до почетокот на наредната година успеала да го промени целиот мебел во својата канцеларија, но до моментот на својата оставка не успеала да обезбеди ниту еден кревет за децата.
Откако Сунчица го информирала Управниот одбор дека ќе започне штрајк со глад доколку не се превземе нешто, директорката сама поднела оставка.
Многу сум упорна и истрајна, и веројатно тоа е причината поради која успеав. Колегите не веруваа дека ќе успеам, но јас знаев дека сум во право. Ниту еден вработен не заслужува таков однос и постојано мешање во работата. Морам да кажам дека луѓето во Управниот одбор се навистина коректни и им се заблагодарувам што го слушнаа гласот на еден вработен, вели Сунчица.