Сигурно некогаш сте се запрашале што значат бројките кои се наоѓаат на дното на пластичните шишиња? Станува збор за симболи кои се користат за да се идентификува видот на пластиката. Постојат повеќе видови на пластика, а некои од нив се побезбедни од другите.
Шише означено со 1 PET или PETE е кратенка за полиетилен терефталат и е безбедно само за една употреба. PETE најчесто се користи за пакување на вода, сокови, козметика, безалкохолни пијалоци, средства за чистење и слично. Истражувањата откриле дека овој вид на пластика не треба да се користи повторно бидејќи средствата за чистење и високите температури можат да предизвикаат ослободување на токсични супстанции.
Шишињата со број 7 PC најчесто се користат за означување на присуство на поликарбонат. Поликарбонатот може да се најде во детските шишиња, повторно употребливите шишиња од 3 и 5 галони, како и во цедињата и ДВД-та.
Шишињата означени со 3 PVC исто така треба да ги избегнувате. Станува збор за поливинил хлорид кој претставува термопластичен полимер. Истиот може да се најде во водените кревети, туш завесите, облеката, како и во ентериерот на автомобилите. Овие шишиња, како и претходните, можат да испуштаат токсични хемикалии кои можат да навлезат во вашиот пијалок и да доведат до сериозни здравствени нарушувања.
Шишињата кои го содржат бројот 6 PS се исто така на листата пластика која треба да ја избегнувате. Станува збор за полистирен, пластика базирана на петролеј, која се користи во материјали за пакување и изолација.
Заради заштита на вашето здравје, внимавајте кога купувате пластични шишиња. Доколку не можете целосно да ја избегнувате пластиката како материјал, бирајте ги оние кои се направени од полиетилен и полипропилен, односно шишињата со броевите 2, 4 и 5. Тие се релативно безбедни за повеќекратна употреба доколку редовно ги дезинфицирате. Без оглед на тоа за каква пластика станува збор, трудете се да не ја изложувате на високи температури (микробранова, машина за миење садови) и користете благи детергенти за нејзино чистење.