Според истражувањата на „Тобако Атлас“ од 2019 година, во Македонија граѓаните пушеле околу 2.515 цигари годишно. Тоа ја прави земјата прва во Европа по број на испушени цигари.
По Македонија, на второ место е Бугарија, каде бројот на цигари изнесува 2.495, а потоа и Белорусија со испушени 2.432 цигари.
Па така најмалку цигари се пушат во Норвешка каде годишниот број изнесува 365, следува Германија 468, додека пак во Шведска бројот е 638.
Во поново истражување, Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач.
Согласно податоците, во моментов половина од возрасните луѓе во Македонија (48,4 проценти) користат тутун.
Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените.