Краток водич за четкање на забите
Миењето забите и не е некоја наука, нели? Два пати дбевно ја ставаш пастата на четкичката. Темелно исчеткате, измиете и тоа е тоа. Колку посилно стискате и подолго четкате – забите ќе бидат почисти!
Карикираме, но јасно ви е на што целиме – ако веќе нешто правиме два пати на ден, тогаш тоа вреди да се направи како што треба. Според краткиот водич кој ви го преставуваме, проверете ја техниката на четкање на забите и уверете се дека со соодветни алатки и техники лесно можете да ја избегнете средбата со заболекарската бургија.
1. Свртете ја главата на четката лесно кон непцата, приближно со агол од 45 степени. Четкајте ги забите со нежни, мали кружни движења.
2. Фокусирајте се на секој заб поединечно, изведувајќи од пет до десет кратки кружни движења, почнувајќи од задните заби кон предните.
3. За темелно чистење на секачот, свртете ја четката под остар агол и четкајте со кратки, нежни движења, прво на една внатрешна страна на забите, а потоа на друга.
4. Кога ги четкате предните заби, внатрешната површина четкајте ја со нежни бавни движења, а надворешната површина со побрзи, кружни движења.
5. Не заборавајте да ја исчистите внатрешата страна на вашите заби со мали, кружни движења и нежен притисок. 6. Суштински дел од рутината е темелното чистење на јазикот на кој се имаат акумулирано бактерии. Бидете нежни, но темелни.
Ви посакуваме ведра и блескава насмевка.
Секое добро!