Синдикатите се против оваа идеја, бидејќи повеќе од 110.000 локални жители се невработени.
Можеби ќе ве интересира: Македонија се подготвува за „увоз“ на работна сила од странство, издадени работни дозволи за лица од Непал и Пакистан
Надлежните и работодавачите велат дека е потребно да се носат десет илјади странски работници годишно, за да може стопанството да функционира нормално. Синдикатите се против оваа идеја, бидејќи повеќе од 110.000 локални жители се невработени.
Примарно е работната сила да се осигура од домашниот пазар, но, анализите покажуваат дека на земјава годишно и недостигаат околу 10.000 работници. Се уште не е дефинирано од каде би се увезувале работници, ниту се утврдени квоти. Во Владата е отворена дискусија затоа што тоа е актуелен проблем, вели Битиќи и додава дека смета оти првично за „увоз“ би требало да се „искористат“ луѓето од регионот, изјави Владата.
Извор: lider.mk