Старите мобилни телефони најчесто завршуваат на електронски отпад бидејќи малкумина знаат за вистинската вредност на некои модели
Доколку отворите eBay или Amazon, лесно може да увидите дека цената на некои “класици“ како што се моделите на Nokia и Samsung достигнува и до неколку илјадници евра.
Во продолжение ви претставуваме неколку уреди кои имаат висока вредност и за кои може да добиете голем износ доколку ги продадете.
Nokia 8800
Овој модел беше вистински луксуз кога за прв пат се појави на пазарот во 2005 година. Денес не е ништо посебно од технички аспект, меѓутоа се’ уште буди голем интерес кај колекционерите кои сакаат да го поседуваат. За неоштетен телефон од овој модел, цената достигнува до 1.000 евра.
Nokia 8810
Уште еден модел на Nokia кој чини мало богатство. На eBay вообичаено цените варираат во зависност од состојбата на телефонот, а изнесуваат неколку стотици евра. Во 1998 година, овој модел беше првиот со вградена антена во своето куќиште. Ако вашиот уред е и натаму во функционална состојба, може да ви донесе околу 300 евра.
Samsung Matrix SPH-N270
Не е баш најубавиот телефон што Samsung успеал да го произведе, но сепак, за моделот од 2003 година колекционерите плаќаат неколку стотици евра. Вредноста на оригиналниот модел е многу поголема.
Motorola V3 Dolce & Gabbana
Телефон на преклопување во издание на Dolce & Gabbana вреди околу 200 евра, а бројот на сопственици за овој модел е навистина мал.