Компанијата OpenAI има намера да ги награди оние што ќе пронајдат грешки во четботот ChatGPT.
OpenAI објави програма која ќе ги награди сите оние што ќе откријат грешки во нејзиниот ChatGPT, OpenAI плагините, OPen AI API и други сродни услуги, со парични награди што се движат од 200 до 20.000 долари.
„Ве охрабруваме да пријавите ранливости, грешки и безбедносни пропусти што ќе ги откриете во нашите системи. Со споделување на вашите наоди, вие играте важна улога во правењето на нашата технологија побезбедна за сите“, велат од компанијата.
Оваа програма беше најавена откако грешка ги откри насловите на корисничките четови, првата порака во новите разговори, како и информациите за плаќање на корисниците на услугата ChatGPT Plus. OpenAI е под притисок за начинот на кој ги штити податоците на корисниците, особено кога станува збор за малолетници. ChatGPT е забранет во Италија токму поради оваа причина. Овие прашања, како и отвореното писмо потпишано од Стив Возниак и Илон Маск, во кое се повикува на шестмесечен прекин на развојот на системи за вештачка интелигенција, доведоа OpenAI јавно да ја покаже својата посветеност на безбедноста.
Износот на паричната награда ќе зависи од сериозноста на грешката, но има јасни правила. Сепак, веќе во првите часови беа исплатени неколку парични награди на корисниците што пронајдоа багови.
Извор: kajgana.com