Дигиталните номади немаат постојано место на живеење, патуваат низ светот и ги работат работите за кои се ангажирани, најчесто се занимаваат со програмирање или развој на софтвер.
Во некои земји даночниот третман е поволен за номадите, а финансискиот портал Bankar.me објави листа на десет градови кои се најповолни за „номадски“ живот.
Палермо (Италија)
Скопје (Македонија)
Азорски Острови (Португалија)
Мајорка (Шпанија)
Лима (Перу)
Тбилиси (Грузија)
Пуебла (Мексико)
Неапол (Италија)
Банско (Бугарија)
Софија (Бугарија)
Предностите на овие градови се, пред сè, прифатлив животен стандард, даночен систем и бирократија која ги фаворизира дигиталните номади.
Покрај работните места во ИТ, дигиталните номади работат и во други сектори, како што се издаваштво, медиуми и односи со јавноста, маркетинг и образование.