Дел од работниците во одредени професии признаваат дека користеле ChatGPT во текот на работниот процес. Алатката им овозможува да ја завршат работата барем за половина од вообичаеното време.
Повеќето од работните места што ги извршуваат овие работници вклучуваат многу пишување, како што е создавање на маркетинг материјали, за кои четботот покажал дека е исклучително вешт.
ChatGPT е голем јазичен модел - систем за вештачка интелигенција кој е обучен на огромни количини текстуални податоци за да генерира човечки одговори на дадени прашања. Кога стартапот OpenAI го објави бесплатно во декември, ги отвори очите на јавноста за тоа колку моќна технологијата стана во последниве години.
Брзо се користеше за полагање испити, држење говори, пишување софтвер, подготвување правни документи и давање совети. Но, речиси половина година подоцна, неговите корисници станаа поискусни и сега можат да користат ChatGPT и во работниот процес.
„ChatGPT работи 80 отсто од мојата работа“, изјави за „Vice“ Бен, „преморен“ работник кој разбирливо сакаше да остане анонимен.
Бен од Торонто работи во маркетинг оддел за компании за финансиска технологија, а кога го откри ChatGPT работите се променија. Тој, и многу негови колеги во светот на маркетингот, би можеле да користат вештачка интелигенција за брзо да пронајдат конкретни информации или да генерираат пишани материјали кои речиси не се разликуваат од оние напишани од луѓето.
Откако ова значително му го намалило времето кое му било потребно да се справи со работата, тој се запрашал дали може да земе друга работа и да го стори истото.
Се разбира, претходно оваа година, тој го направи токму тоа, па дури и го користеше ChatGPT за да ги пишува своите мотивациски писма додека аплицираше.
„Само дајте го контекстот и приказната е завршена“
Бен додаде дека неодамнешното издание на GPT-4, уште помоќна верзија на оригиналот, е уште подобро во разбирањето на неговите специфични барања. „Можам само да му кажам да создаде приказна и тој само го прави тоа за мене, врз основа на контекстот што му го давам“, изјави тој за Vice.
Текстот што го генерира обично вклучува некои мали измени, додаде тој, бидејќи понекогаш прави грешки.