Албанија ја прогласија за евтина верзија на Малдивите.
Експертите на платформата за резервации за патувања Loveholidays ги открија врвните дестинации за туристите кои сакаат да заштедат пари. Тимот препорачува евтин одмор во Албанија, за кој велат дека има „крајбрежје што го одзема здивот“ и е „алтернатива на Малдивите“, пишува Експрес. Велат дека Албанија често се занемарува како дестинација во Југоисточна Европа.
„Албанија има многу езера и водопади во кои доминираат различни нијанси на сино, а некои дури ја нарекуваат и прифатлива алтернатива на Малдивите“, велат тие.
Ксамил се издвојува како дестинација со најубавите плажи во Албанија, а до него лесно се стигнува од блиското одморалиште Саранда. Туристите во своите коментари за оваа дестинација истакнуваат дека „плажата е полна со живот и музика, а водата е неверојатно чиста“.
Албанија лани имала 7.5 милиони туристи. Бројот на туристи е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која беше рекордна година.Извор: faktor.mk