Што јаде Новак Ѓоковиќ? На дневното мени на Новак веќе нема ќебапи, а еве како изгледа едно од неговите тридневни менија.
Прв ден:
Појадок: Пие големи количини вода, а потоа јаде 2 лажици мед; мусли (органски овес без глутен, брусница, суво грозје, семки од тиква или сончоглед и бадеми).
Ужина: крекер без глутен со авокадо и туна.
Ручек: Салата од мешан зелен зеленчук, тестенини без глутен, тиквички, аспарагус, сушени домати, веганско сирење.
Меѓуоброк: јаболко со путер од индиски ореви; диња.
Вечера: Салата од кељ, анасон, киноа и борови ореви (пињоли), инчуни или сардини; супа минестроне; филети од лосос.
Втор ден:
Појадок: Големи количини вода, 2 лажици мед; банана со путер од индиски ореви, овошје.
Ужина: тост без глутен со путер од бадем и мед.
Ручек: Салата од мешан зелен зелјест зеленчук, зачинета салата со тестенини (вклучувајќи тестенини без глутен, црвена пиперка, рукета, индиски ореви и босилек, балсамико оцет).
Меѓуоброк: Интегрални барови со овошје и јаткасти плодови.
Вечера: Салата со туна, боранија, грав канелини, рукола, туна, црвена пиперка, домат и конзервиран наут, супа од домати, печен домат.
Трет ден:
Појадок: Големи количини вода, 2 лажици мед, овес без глутен со путер од индиски ореви и банана; овошје.
Ужина: домашен хумус и јаболко.
Ручек: Салата од зелен лиснат зеленчук, тестенини без глутен со песто.
Меѓуоброк: Авокадо со крекери без глутен.
Вечера: Салата од свеж зелен лиснат зеленчук, супа од морков.
Извор: kajgana.com