Дали спаѓате во групата на луѓе кои обожаваат тестови за интелигенција? Во крајна линија, кој не би сакал да дознае дека е натпросечно интелигентен.
За да го дознаете тоа, доволно е да одговорите на две сосема конкретни прашања – тврдат научници во British Journal of Psychology.
Вообичаено, интелигенцијата се мери со тестови за интелигенција, односно IQ тестови.
Се смета дека овие тестови го мерат генералниот фактор за интелигенција, а во зависност од гаусовата крива, интелигенцијата може да се подели на неколку групи:
- Многу висока интелигенција (IQ над 150);
- Висока интелигенција (IQ помеѓу 130 и 150);
- Натпросечна интелигенција (IQ помеѓу 110 и 130);
- Нормална интелигенција (IQ помеѓу 90 и 110);
- Потпросечна интелигенција (IQ помеѓу 70 и 90);
- Ниска интелигенција (IQ помеѓу 50 и 70);
- Многу ниска интелигенција (IQ под 50).
Најновиот тест не бара од вас да одговорите на научни прашата, туку на прашата кои повеќе се однесуваат на личноста.
Прашање 1: Дали за вас е депресивно да живеете во место каде што сте опкружени со многу луѓе?
Одговор А: Да
Одговор Б: Не
Прашање 2: Дали сакате често да се дружите со своите пријатели бидејќи повремената дружба не ви е доволна?
Одговор А: Да
Одговор Б: Не
Дали на првото прашање одговоривте со одговор Б? Честитки! Интелигентните луѓе по правило немаат проблем со живеење во градови со голема популација, велат научниците.
А на второто прашање? Овде “интелигентниот“ одговор би бил исто така под Б. Имено, интелигентните луѓе често имаат помалку пријатели од вообичаено – тие се среќни кога поминуваат повеќе време сами. Луѓето кои имаат коефициент на интелигенција под 80 обично сакаат да бидат опкружени со други луше. Оние кои имаат коефициент на интелигенција над 116 претпочитуваат да бидат сами.