Мечка во Канада влегла во приватен автомобил, кој бил паркиран пред куќата на сопственикот и испила 69 лименки газиран пијалок, пренесува NDTV.
Сопственичката на автомобил Шерон Росел се разбудила среде ноќ бидејќи го слушнала нејзиното куче како лае и од прозорецот здогледала кафеава мечка која го скршила прозорецот од нејзиниот автомобил.
Мечката испила 69 од 72 лименки газиран пијалок што Росел ги имала во возилото.
Се обидела да ја испрска мечката со ладна вода од нејзиниот балкон, но не успеала.