Пилотот Тим Ланкастер никогаш нема да го заборави моментот кога на 20 јуни во 1990 година, кога неколку минути по полетувањето од аеродромот во Бирмингем, му пукнало стаклото во кабината и излетал од надвор. Притисокот кој настанал го кренал од седиштето и го исфрлил преку прозорот.
Успеал да преживее и повторно да се врати во кабината, благодарение на неговите колеги. Летал со авионот на „Бритиш ервејз“ од Бирмингем за Малага. Во тие 20 минути борба, неговиот колега, копилотот Алистер Еткинсон, успеал безбедно да го спушти авионот.
На крјаот не само што му го спасил животот на Тим, туку и на сите патници е екипажот во авионот. Најџел Огден успеал да го врати Тим кој буквално бил исфрлен преку прозорот од своето седиште и излетал надвор. Тој непосредно по несреќата дал изјава за „Сандеј Морнинг“.
„Кога погледнав низ прозорот од вратата на кабината, видов дека го нема предното ветробранско стакло. Видов дека Тим излета низ прозор. Можев да ги видам само неговите нозе. Ја прескокнав контролната колона и го фатив за појасот за да го вратам назад“, рече Огден.
„Телото му беше целото свиткано. Нозете му беа заглавени во контролната табла и така случајно го исклучил автопилотот. Тогаш брзината на авионот се намали на 650 километри на час“, додаде тој.
Како резултат на ударот, автопилотот се исклучил и тоа довело до брзо спуштање на авионот. Да биде драмата поголема и Одгден за малку можел да излета низ прозор, додека го држел Тим. За среќа, третиот член од екипажот, Џон Хевард, на време го фатил за појасот.
„Продолжив да го држам Тим, но рацете ми ослабеа. За момент помислив дека ќе го изгубам. Додека беше надвор, неговото тело беше во форма на буквата U. Лицето му удираше во прозорецот, а од носот и од страната на главата му течеше крв. Рацете му трепереа. Најстрашно беше што очите му беа широко отворени. Никогаш нема да ја заборавам таа глетка додека сум жив“, додаде тој.
Додека копилотот Алистер Еткинсон успеал да ја превземе контролата, втората стјуардеса Симон, исто така влегла во кабината да помогне. Го фатила за каишот еден од пилотите за да можат поцврсто да го држат Тим.
„Се сеќавам на Алистер, копилотот, како се бори да превземе контролира на авионот и како викаше и бараше помош преку радиото. Само господ знае како Аластаир успеа да го стави авионот под контрола. Кога видов дека ја имаат работата под контрола, го пуштив Џон и се вратив кај патниците да ги смирам. Мојата колешка Су Принц, во тие моменти беше сама и се грижеше за сите патници во авионот“, рече Симон.
„Притисокот на Алистер беше огормен. Нашите животи беа во негови раце и тој совршено го спушти авионот“, додаде Симон.
Авионот слетал на аеродромот во Саутемтон, каде ги дочекале службите од итната помош. Приказната звучи неверојатно, но за среќа, пилотот на крај завршил само со неколку скршеници и смрзнатини.
Истрагата покажала дека несреќата се случила затоа што мајсторот користел погрешни штрафови за зацврстување на ветробранското стакло. Во извештајот е наведено дека процесот за изградба на ветробраново стакло, кој се случил 27 часа пред полетувањето на авионот, во јуни 1990 година, имал низа лоши работни пракси, лоши проценки и грешки во перцепцијата.
Огден по несреќата го напуштил „Бритиш ервејз“, и заминал да работи во војска. Капетанот Тим Ланкастер повторно летал.
Извор: info.mk