Функционерите за неколку дена ќе почнат да добиваат плати повисоки по околу 1000 евра, по одлуката на Уставниот суд, според која платите на функционерите можат да се зголемат за речиси 80 проценти.
Платите на функционерите се пресметуваат така што основицата се множи по одреден коефициент во зависност од функцијата. Законот за плати на функционери предвидува основицата да биде просечната плата од претходната година, но со години беше замрзната на пониско ниво. Судот на 21 март одлучи да го укине замрзнувањето, по што платите значително ќе се зголемат.
Стево Пендаровски - 164.817 денари
Талат Џафери - 166.207 денари
Димитар Ковачевски - 156.482 денари
Артан Груби - 124.826 денари
Фатмир Битиќи - 127.111 денари
Славица Грковска - 129.396 денари
Оливер Спасовски - 153.037 денари
Бојан Маричиќ - 122.541 денари
Славјанка Петровска - 124.826 денари