Засега сеуште непозната личност од Штутгарт не знае дека е среќен добитник на лотарија која освоила милиони.
Имено, како што објавуваат медиумите, непозната личност од Штутгарт освоила милион долари на лотарија во Германија, а со оглед на тоа што не дошла да ја „подигне“ наградата, може да се заклучи дека се уште не знае дека е среќен/на добитник/чка.
Жител на Штутгарт и жител на Саксонија за себе освоиле речиси 8,46 милиони евра без данок, соопшти лотаријата во Германија.
Добитниците го добиле џекпотот со броевите 13, 21, 26, 34, 41, 48. Среќен добитник има и од областа Рајн-Некар кој освоил 940.000 евра.
„Влезниците се поднесени анонимно во северниот дел на Штутгарт и во западниот дел на областа Рајна-Некар“, соопшти лотаријата. Исто така, заклучено е дека лицето кое освоило речиси милион евра се уште не знае дека тој е среќниот добитник. За да ги добијат парите, добитниците мора да се пријават и да достават валидни билети.
Според германските медиуми, веројатноста да се добие џекпот е еден спрема 140 милиони, а за шест точно погодени бројки, шансата е еден спрема 15,5 милиони.
Извор: faktor.mk