Стапката на невработеност во март во еврозоната изнесува 6,5 отсто, што е за 0,3 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Евростат. Незначително опадна и невработеноста во однос на февруари кога изнесуваше 6,6 отсто.
Мартовската стапка на невработеност во ЕУ е 6,0 отсто, што е исто како и во февруари, а во однос на истиот месец лани е намалена за 0,2 отсто. Евростат проценува дека 12,9 милиони луѓе во ЕУ биле невработени во март.
Споредено со февруари, во ЕУ во март имало 155.000 невработени помалку, а бројот на невработени во еврозоната е намален за 121.000.
Невработеноста во ЕУ е намалена за 353.000 во ЕУ и за 365.000 во еврозоната во споредба со март 2022 година.
Во март 2,7 милиони млади луѓе на возраст под 25 години биле невработени во ЕУ, од кои 2,2 милиони се во еврозоната. Во март стапката на невработеност кај младите во еврозоната и во ЕУ изнесуваше 14,3 отсто.
Високи стапки на невработеност се забележани во Шпанија – 12,8 отсто, Италија – 7,8 отсто, како и во Франција каде таа изнесува 6,9 отсто.
Невработеноста во Германија беше на многу ниско ниво - 2,8 отсто, а со одлични бројки може да се пофали и Холандија со 3,5 отсто невработени.
Извор: faktor.mk