Американецот Хејден Боулс го напуштил средното училиште на 17 години, а само 5 години подоцна, на своја 22-годишна возраст, станал милионер.
На Јутјуб го следат 300.000 луѓе, додека на ТикТок има 100.000 следбеници. Хејден на социјалните мрежи често дели совети за тоа како изградил бројни бизниси уште во тинејџерските години, пренесува „Daily Mail“. Боулс заработил милиони преку вложување во недвижности и онлајн курсеви за „dropshipping“.
„Започнав да заработувам позначајни приходи од своето работење кога имав 17 години, во индустријата на е-трговијата. Сè уште работам, сакам да работам, но технички сум во пензија поради парите кои ги заработив од недвижностите“, објаснил Хејден.
Тој додал дека парите кои ги добива од претходните инвестиции го плаќаат неговиот стил на живот. Компаниите на Хејден продолжиле да растат и да отвораат нови филијали, а младиот претприемач заклучил дека богатството е разлика помеѓу приходите и трошоците и дека не постои конкретна цифра која ќе одреди дали некој е богат.
Не жали што не се запишал на факултет
Откако го напуштил училиштето на 17 години, тој ја основал платформата „Ecom Season“ која нуди низа курсеви кои чинат до 575 долари. Во едно видео Боулс вели дека не жали што не се запишал на факултет бидејќи искуството е прилично слично.
„Ги правите сите глупости како и на факултет, но одите 20 нивоа понатаму бидејќи сите имаат пари“, вели тој.
Хејден тврди дека четирикратно ги зголемил приходите до 20-та година во однос на заработката на 17-годишна возраст, па така веќе на 20 години заработил милион долари. Сега вели дека има повеќе од 20 милиони долари, заработени преку бизниси насочени кон е-трговија. На следбениците им порачува да избегнуваат повеќекратни потфати и да се посветат на едно нешто кое сакаат да го работат долгорочно.
Инфлуенсерот редовно споделува фотографии од своите луксузни патувања и одмори ширум САД, како и фотографии од скапи автомобили и приватни авиони.