
Големи пламени јазици синоќа го зафатиле мостот во близина на Трговскиот центар „Ист Гејт“ кој води кон Железничката станица во Скопје.
Пожарот е локализиран, а во моментов мостот е затворен за сообраќај од безбедносни причини. Полицијата ги пренасочува возилата.
Уште синоќа на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки од пожарот.
Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за причините за избувнувањето на пожарот и за настанатата штета-пишува АЛСАТМ