Банкнотата од 100 евра важи за една од најфалсификуваните банкноти во светот
За да не бидете жртва за некој што сака да ве измами со фалсификат банкнота и за да не наседнете на подметнувачите на фалсификувани пари, треба да знаете по кои обележја може да се препознае дали банкнотата е вистинска или не.
На светло мора да се гледа водениот жиг. На заштитната нитка (на сребрената лента), внатре, кога подобро ќе се заврти кон светло, треба да се види дека пишува „100 euro“. На холограмот треба да се менуваат боите, а ознаката 100 мора да се осети и под прсти. Најважно од сѐ – на задната страна бројот мора да се прелева од виолетова во кафена боја.