Само 41 компанија се пријавија за пилот-програмата на шпанската влада, која на компаниите им нуди финансиски средства за тестирање на четиридневната недела, соопшти Министерството за индустрија на Шпанија.
Тие компании вработуваат 503 работници и аплицирале за 2,8 милиони евра помош, додека целиот буџет за оваа пилот програма изнесува 9,6 милиони евра, пренесува Ројтерс.
И покрај помалиот број учесници, двегодишната програма сепак ќе и овозможи на владата да ги анализира нивоата на продуктивност.
Сличен проект беше актуелен и во Велика Британија, каде што вработените во 61 компанија во просек работеа по 34 часа за четири дена.
Проектот траеше од јуни до декември 2022 година и беше најголемиот експеримент во светот за скратување на работната недела.
Повеќето компании кои учествуваа во истражувањето решија да продолжат со четиридневната работна недела.
Извор: vecer.press