Неделава Агенцијата за вработување го објави јавниот повик за практиканство кој се однесува на сите невработени лица до 29 години, со минимум завршено средно образование, кои немаат работно искуство. Лицата ќе бидат вклучени како практиканти во период до три месеци кај работодавачи, заради стекнување на одредени практични знаења и вештини.
За секој кандидат кој ќе биде избран се предвидува финансиска поддршка во износ од 11 илјади денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.
Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници, се вели во огласот, а пријавувањето се врши во работните клубови на Центрите за вработување, секој работен ден од 8 до 14 часот.