Вработените во секторот Компјутерско програмирање повторно имаат највисоки плати во земјава. Вработените во оваа бранша во текот на месец март земале просечно 90 илјади денари надомест за нивните месечни работни задачи. Изненадува што има големи промени, дури две категории кои минатиот месец беа во топ пет, овој пат испаднаа од листата.
Еве ја листата на највисоки исплатени нето плати во Македонија во првиот месец од годинава:
Во сектор „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ просечна нето плата исплатена во февруари изнесувала 90.844 денари.
Втори на листата со највоска плата се вработените во сектор „останати стручни, научни и технички дејности“ кои примиле 59.368 денари плата во текот на месец март.
Би можело да ве интересира: Просечната нето плата во март 34.925 денари
Следни на листата со највисоки плати во земајва се вработените во сектор „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ каде просечната нето плата во март била 55.221 денари.
Овој пат четврти на листата се категорија „Вадење на руди на метали“ со просечна плата од 52.323 денари.
Последни на листата се „Финансиски услужни дејности, осовен осигурување и пензиски фондови“ со просек од 51.989 денари.
Изненадува што овој пат на листата топ пет не се две категории кои исто така спаѓаат во поплатени сектори. Тоа се секторите „Воздухопловен транспорт“ каде просечната месечна нето плата во февруари достигнувала 63.734 денари, додека во март месец истата паднала на 47.500 денари. И во секторот „Телекомуникации“ има намалување на платите, таму во февруари просечна исплатена нето плата била 54.676 денари, додека во март се намалила на 48.420 денари.