Објавена е листа на 50-те најубави плажи во светот, а осмислена е земајќи ги предвид природните убавини, просторот, популарноста, активностите на плажа и чистотата и спокојството на морето.
Лаки Беј во Австралија го зазеде првото место, благодарение на чистиот песок, тиркизната вода и популацијата на кенгури.
На листата се најдоа и плажи на Филипините, Исланд, Италија, Калифорнија, но и на Балканот.
Плажата Анс Сурс Д'Аржан на Сејшели е на второто место.
„Верувајте ни, го одзема здивот, со карпите од гранит покрај брегот и розовиот песок во совршен контраст со кристално чистата тиркизна вода“, велат од Banana Boat. „Оваа плажа ќе направи да се чувствувате како штотуку да сте зачекориле во рајот. Ви овозможува добро да го видите коралниот гребен поради чистата и бистра вода“.
Третото место го зазеде Хиден Бич на Филипините, која се крие зад високите варовнички карпи, поради што е невозможно да се види однадвор. До малиот залив може да се стигне само со чамец проследено со пливање низ мал отвор. Кристално чиста, плитка вода опкружена со бел песок и варовнички ѕидови со бујно зеленило и палми... Нема сомнеж зошто толку многу експерти ја прогласија оваа плажа за една од најдобрите.
На оваа листа се најде и една хрватска плажа. Станува збор за плажата Пашача во Конавле, која го зазеде 39-тото место на оваа престижна листа. Оваа плажа се наоѓа на едно затскриено, недостапно место каде што карпите Конаво стрмно паѓаат во Јадранското Море, југоисточно од Дубровник. До оваа прекрасна плажа, опкружена со природна убавина, можете да стигнете со спуштање по скалите во карпите.
Инаку, оваа плажа во 2020 година беше прогласена за најдобра европска плажа на порталот European Best Destinations.
Целата листа на 50-те најубави плажи во светот погледнете ја тука.
Извор: kajgana.com