Андреј Јик скоро 5 години живеел како просјак, а парите што ги добивал ги штедел за да започне сопствен YouTube канал. Денес заработува 100.000 долари годишно.
Иако сега е познат јутјубер, патот до успехот не бил лесен за него, објасни тој за Business Insider.
Пред да почне да објавува едукативни снимки за личните финансии, работел како снимател на поучни видеа за правилно изведување магионичарски трикови.
„Со снимање и магија почнав сериозно да се занимавам на 19 години. Кога добив повик за снимање на филм и не се двоумев ни секунда. Тоа ми е исполнување на сонот“, објасни Андреј.
Неговите родители долго време работеле во циркус во Русија, пред да се преселат во САД.
„Со доаѓањето во САД нашиот живот стана потежок. Иако се преселивме поради добра деловна понуда, по неколку години се најдовме во големи долгови. Мислам дека токму трагичната финансиска судбина на моето семејство е виновна за мојата денешна кариера“, додава момчето.
Откако 5 години учел како да управува со парите, кон крајот на 2018 година на сметката имал 20.000 заштедени долари. Во тој момент одлучил да ја напушти работата и да го објави првото видео.
Денес, една година подоцна, неговиот канал има над 323.000 претплатници, заработил над 100.000 долари што е 40.000 долари повеќе отколку што заработувал како снимател.
„Да, денес заработувам од реклами и бројни соработки, но првите четири месеци бележев големи загуби. Кога работите по 6 часа на истражување, па додајте 3 до 4 часа на снимање и 10 на монтажа, на крајот на месецот на сметката ќе ве дочека минус и тешко е да продолжите понатаму. Но, не се откажував. Сега гледам дека мојата упорност се исплати“, вели тој.
Извор: kajgana.com