На листата на Форбс се наоѓаат 20 од 110 семејства на руски милијардери, со најмалку 2,34 милијарди евра по наследник.
Магазинот Форбс објави листа на најбогати деца на 20 руски милијардери, на која се наоѓа и синот на основачот на Лукоил, Вагит Алекперов кој го зазема првото место, со богатство од 19 милијарди евра.
На листата на Форбс се најдоа 49 потомци на руски богаташи чие наследство не е помало од 2,34 милијарди евра.
– Нашиот список вклучува 20 од 110 семејства на руски милијардери, со најмалку 2,34 милијарди евра по наследник. Овие семејства имаат 49 деца, а вкупната нето вредност на нивните родители е 227,3 милијарди евра – наведува Форбс.
На второ место се ќерката и синот на основачот на Еурохем, најголемиот руски производител на ѓубрива, и сопственикот на компанијата за јаглен СУЕК, Андреј Мелниченко - секое дете со 11,7 милијарди евра. Синот и ќерката на косопственикот на компаниите Сибур и Новатек, Леонид Микелсон се на трето место - секое дете ќе наследи имот од 10 милијарди евра.
Основачот на апликацијата Telegram Павел Дуров влезе во првите десет, кој го зазеде седмото место на листата. Има ќерка и син, а секое дете ќе наследи 5,37 милијарди евра.
Извор: faktor.mk