Марко студирал на Економскиот факултет, а за време на студиите, како што вели мајка му, се вработил и паузирал од студиите.
„Ако завршиш факултет, ќе ти се извинам што не верував во тебе, и тоа на билборд!
Оваа реченица од една мајка можеше да биде дел од обичен попладневен разговор за време на ручекот. Но, Марко беше упорен, а мама Дијана се сети на нејзиното ветување.
Така на булеварот Кнез Александар Караѓорѓевиќ на Дедиње закупила голем билборд со текст: „Му се извинувам на синот Марко што не верував дека ќе го заврши факултетот! Честитам сине, небото е граница! Од мама Дијана” – објавуваат српски медиуми. Тие додаваат дека гестот на мајката многу им се допаднал на белграѓани.
Дијана за Телеграф.рс раскажа како и зошто е дадено ова ветување.
Марко студирал на Економскиот факултет, а за време на студиите се вработил и паузирал од студиите.
„Не дека нешто му претставувало проблем на факултетот, туку работата го однела бидејќи се вработил за време на студирањето и всушност паузирал малку“, вели Дијана.
„Студираше 12 години на Економскиот факултет во Белград и му реков „ако го завршиш, јавно ќе ти се извинам и ќе го ставам на билборд“.
„И навистина, кога тој го исполни ветувањето, го исполнив и јас“, додава Дијана.
Како што вели, се гордее со својот син, а сега има причина да слави двапати бидејќи Марко наскоро се жени.