Студија на група норвешки истражувачи од Универзитетот во Берген, која е објавена во списанието „Plos Medicine“, покажала дека одредени намирници можат значајно да нѝ го продолжат животниот век.
Спротивно на тоа, прекумерната консумација на рафинирани шеќери, масти и преработена храна може да предизвика долгорочни здравствени проблеми.
За да ја спроведат оваа студија, истражувачите ги анализирале резултатите од глобалните студии за болести и причини за смрт во Кина, Европа и САД.
Се проценува дека неисхранетоста е причина за повеќе од 11 милиони предвремени смртни случаи секоја година. Научниците потоа ја споредиле таа бројка со други анализи, набљудувајќи ги ефектите од различните намирници на нашата долговечност. Така, успеале да одредат специфична исхрана која може да го продолжи животниот век за една деценија, пишува „gracia.fr“.
Која е таа храна?
За таквиот здрав режим на исхрана неопходно е да се внесува голема количина овошје и зеленчук. Тоа не е никаква тајна, но научниците направиле список на намирници кои се особено моќни.
Грашокот, леќата и сојата се сржта на ваквата исхрана. Интегралните житарици, пченката, овесот и пченицата се исто така неопходни, како и јаткастите плодови како бадеми, ф’стаци и ореви. Од друга страна, црвеното месо и преработената храна треба најмалку да се консумира.
Особено е интересно тоа што научниците заклучиле дека животниот век може да се продолжи за 2 години ако внесуваме околу 2000 грама мешунки годишно и што помалку јадеме солена и слатка храна.
Секако, и оние кои се обидуваат да се хранат здраво понекогаш консумираат нешто што не е најдобро за организмот, но најважно е да бидеме умерени во сè и на долг рок да гледаме она што го јадеме да е квалитетно. Целта е да се усвојат поздрави навики во исхраната кои водат до долговечност.