400 ученици од општинските основни училишта на територијата на општина Гази Баба заминаа на бесплатно летување.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово ги испрати на училишен летен камп, кој се реализира со финансиска поддршка на општината.
- Утрово имав одлична можност да ги испратам и да им посакам среќен пат и убав престој во училишниот летен камп на 400 ученици од општинските основни училишта, кој се реализира со финансиска поддршка од општина Гази Баба преку субвенционирање на цената за учество на секој ученик. Во рамките на кампот учениците ќе бидат дел од спортски, едукативен и забавен дел, а најважно од се е тоа што тие ќе можат меѓусебе да другаруваат.
Учениците во училишниот камп ќе бидат обучувани за основна пливачка техника, веслање кајак и SUP даска. Овој проект, општина Гази Баба го реализира во соработка со општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба.
Среќен сум што преку реализација на оваа мерка успеавме да ги направиме учениците среќни, а како една од целите која ќе ја постигнеме со поддршката на училишниот летен камп е и поголема социјализација помеѓу децата.Продолжуваме со реализација на мерки и проекти за најмладите жители на нашата Гази Баба, напиша Стефковски.