Возачите од нашата земја секое лето наидуваат на овој „проблематичен“ знак.
За патување со автомобил во странство потребно е да се знаат барем основни информации за сообраќајот во таа земја за да не дојдеме во ситуација да мораме да платиме казна и со тоа да си ускратиме дел од буџетот за годишен одмор.
Има еден знак што редовно ги мачи македонските туристи кои со сопствени автомобили одат во грчките летувалишта.
Пречкртаната вертикална дебела линија (една или две) на знакот за забрана за паркирање значи дека не смеете да паркирате на таа страна од улицата парен или непарен месец, а не на ден.
Ако еден правоаголник е пречкртан, не паркирајте на таа страна во текот на јануари, март, мај, јули, септември и ноември, а ако се пречкртани два, во останатите месеци.