Данска и Германија ќе го градат најголемиот поморски тунел во светот. Експертите од двете земји велат дека истиот треба да биде завршен во 2029 година. Тунелпт под Балтичкото море ќе ги поврзува германскиот остров Фемарн и данскиот Лоланд.
Ова ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички подморски тунел во светот. Патувањето низ него ќе трае 7 минути со воз и 10 минути со автомобил. Тунелот Fehmarnbelt ќе биде долг 18 километри и ќе го скрати патувањето меѓу двете држави за 130 километри.
Во моментов двата острови се поврзани со траект или обиколен пат, а кога ќе заврши тунелот, патувањето со воз од Копенхаген до Хамбург ќе трае два и пол часа, за разлика од сега кога се патува по четири и пол часа. На изградба на тунелот ќе работат околу 3.000 луѓе.
Буџетот за проектот е околу 7 милијарди евра. За делови од тунелот е потребно количество челик што одговара на количината неопходна за изградба на педесет Ајфелови кули, пишува Travel+Leisure.