Том Стакер од Њу Џерси платил 290.000 долари за доживотен билет од „Јунајтед ерлајнс“ во 1990 година.
Во последните 33 години тој прелетал повеќе од 37 милиони километри. Шеесет и деветгодишникот Том, посетил повеќе од 100 земји. Само во 2019 година тој поминал 2,3 милиони километри.
За време на патувањата, тој собирал бонуси за помината дистанца и бил првиот патник на „Јунајтед ерлајнс“ што собрал 16 милиони километри. Овие бонуси му донеле луксузни сместувања во хотелски апартмани, крстосувања и оброци насекаде низ светот.
Исто така добивал и ваучери со кои му помогнал на својот брат да ја реновира куќата. Том поминал многу километри, асите патувања не биле толку пријатни. Додека летал тој бил сведок на смртта на четири лица.
Досега со сопругата бил на 120. меден месец.