Некои концерти се легендарни, а фановите се подготвени да одвојат огромна сума на пари за да не го пропуштат својот омилен изведувач на сцена.
Летото не значи одмор на море, ова годишно доба е поврзано и со музиката и концертите. Меѓу другото, не се малку оние кои одбројуваат цела година до оваа сезона, за повторно да се најдат на големиот концерт со пиво во рака, слушајќи го својот омилен изведувач или бенд.
Влезниците за големите концерти често се многу скапи, но тоа не ги одвраќа фановите. Особено кога станува збор за големи имиња кои не се гледаат често, како што се легендарните бендови или уметници кои првпат доаѓаат во вашата земја.
Меѓутоа, која е најскапата карта за концерт која некогаш била продадена?
За да го пронајдеме одговорот на ова прашање, мораме да се вратиме неколку години наназад и да „отидеме“ во 2007 година.
Тогаш „Led Zeppelin“, еден од најпопуларните бендови во историјата на музиката, повторно се обединил првпат по распадот на бендот.
Поводот бил голем концерт во лондонската арена О2 на 10 декември којшто бил одржан во знак на сеќавање на починатиот основач на „Atlantic records“, Ахмет Ертегун.
Всушност, бендот тогаш свирел без нивниот тапанар Џон Бонам којшто починал, а неговиот син Џејсон го зазел неговото место зад тапаните.
Оние кои тој ден биле на стадионот зборувале за „искуство кое се случува само еднаш во животот“.
Како што можеби веќе сфативте, цената за картата за овој историски настап не била пристапна. Картите чинеле од 230 евра и достигнале цена до 77.000 евра.
Не, не прочитавте ништо погрешно. Младиот Шкотланѓанец, Кенет Донел платил вкупно 154.000 евра за две карти за овој концерт и така влегол во историјата.
„Всушност го запознавме цел бенд еден ден претходно на пробата и Роберт Плант е навистина фино момче. Дојде да нè види и поразговара со нас одредено време. Беше прекрасно“, објаснил тогаш во интервју шкотскиот фан на бендот „Led Zeppelin“.