Македонија е 97-то место на листата од 189 земји според тоа каде се консумира најмногу алкохол низ светот. Просечниот Македонец годишно пие 3,9 литри алкохол.
На прво место на листата се жителите на Куковите Острови со 12,97 литри консумиран алкохол по жител. Летонија заврши на второто место со 12,9 литри, додека Чесите ја освоија бронзата со 12,73 литри.
Македонија е 97-то место на листата од 189 земји според тоа каде се консумира најмногу алкохол низ светот. Просечниот Македонец годишно пие 3,9 литри алкохол.
Хрватите се на 25. место на листата со просечно испиени 9,64 литри алкохол годишно, Словенците се на 10. место со 11,05 литри алкохол по жител, а Унгарците се 16-ти со 10,79 литри.
Од нашите соседи, Бугарите се во Топ 10 – со 11,18 литри испиен алкохол по човек се наоѓаат на 10-тото место. Пред нас на листата се и Србите (55) со 7,45 литри, Грците (66) со 6,33 и Албанците (90) со 4,4 литри алккохол.
Русите, изненадувачки, се на 56. Место со 7,29 испиени литри алкохол по човек.
На дното на листата, со нула литри годишно, се најдоа Бангладеш, Кувајт, Мавританија, Саудиска Арабија и Сомалија.
Први симптоми на алкохолизам: Kако да препознаете дека некој има проблем со алкохолот?
Податоците се објавени во World Factbook на ЦИА, а се однесуваат на податоци од 189 земји од 2019 година.
Повеќето научници и лекари се согласуваат дека мажите може да консумираат 10 до 20 g алкохол дневно (0,33 литри пиво), а горната граница обично се поставува на три стандардни пијалоци. Европските упатства не им препорачуваат на жените да консумираат повеќе од два стандардни пијалоци дневно.
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека 2,3 милијарди луѓе ширум светот редовно консумираат алкохол. Повеќе од пет проценти од сите смртни случаи во светот се резултат на штетна употреба на алкохол, велат експертите.
Извор: kajgana.com