Речиси сите му рекле дека најголем придонес за нивното богатство е тоа што престанале да трошат пари на одредени работи.
Том Карли поминал пет години проучувајќи 233 милионери за да дознае сè за нивните навики и начинот на кој размислуваат. Иако сите потекнуваат од различни приказни, заедничко на сите им е тоа што имале најмалку 160.000 долари годишен бруто приход и 3,2 милиони долари нето вредност.
Карли бил особено заинтересиран за што трошат пари и уште повеќе - на што не трошат пари, а речиси сите му велеле дека она што најмногу допринело за нивното богатство е тоа што престанале да трошат пари на одредени работи. Тој издвојува пет такви работи, пишува Make It.
1. Преработена храна
За да му дадат приоритет на своето здравје, тие престанале да купуваат неквалитетна, преработена храна и наместо тоа се одлучиле за органска или здрава храна која нема конзерванси. Тие често бараат производи што може да се добијат во нивното место на потекло и ги посетуваат локалните маркети.
2. Евтини производи
Одбиле да трошат пари на најновите модни трендови или на евтин и лошо конструиран мебел. Наместо тоа, многумина претпочитаат да инвестираат во безвременски квалитетни парчиња, и кога е во прашање гардеробата и кога станува збор за уредувањето на домот. Честопати цената на тие производи била два до три пати повисока, но на долг рок секогаш се покажувала поисплатлива.
3. Ново наместо поправка
На истиот начин, многу милионери рекле дека повеќе би сакале да потрошат пари за целосна замена на работи како стари покриви, машини за перење, машини за миење садови, фрижидери, шпорети, па дури и возила, наместо да ги инвестираат своите тешко заработени средства во скапи поправки. Иако често тоа е поскапо, тие рационализирале дека нешто ново ќе трае многу подолго од нешто поправено, што им дава бесценет душевен мир.
4. Оставете им го одржувањето на другите
Додека некои сè уште уживааt во работата на отворено, како што се косење тревници, плевење, уредување и средување дрвја, огромното мнозинство - кога станале богати - најмијле градинари за да се грижат за сè на отворено. Тоа значи дека тие повеќе не трошат пари за поправка или замена на стара опрема. Многумина ги подаруваат своите алати како подароци на семејството и пријателите. Она што го добиле е време за одмор, релаксација или рекреативни активности.
5. Лотарија
Многу милионери избегнувале да се коцкаат додека го граделе своето богатство, а тој здрав разум преовладувал кога станале богати. Тие исто така споделиле дека откако станале богати, одбиле да трошат пари на лотарии и ги охрабриле своите вработени, семејството и пријателите да го сторат истото. Бидејќи веројатноста да се добие било која лотарија била мала, тие го сметале за губење пари. Наместо тоа, подобро е да се инвестираат тие средства за незаборавни искуства.