Бакингемската палата е главната резиденција на британското кралско семејство уште од владеењето на кралицата Викторија, но сегашниот владетел, кралот Чарлс III, не сака да се пресели таму.
Иако повеќемината сонуваат да живеат во оваа палата, оние кои ја имаат таа привилегија не сакаат ни да помислат на тоа. Со 775 соби, кино, базен, тениско игралиште, тајни врата, градини и езеро се нешто што ретко за кралското семејство живеењето во неа и не е толку спектакуларно како што звучи.
Добро упатени извори и вработените во кралското семејство кои деновите ги поминуваат во неа велат дека е полна со глувци, а не помага ни тоа што внатре не само што е студено, туку ледено, бидејќи кралот наредил температурата да се одржува на 19 степени во зима, поради високите сметки за парно.
Кога никој не престојува таму, парното се исклучува на 16 степени, додека за време на викендот е целосно исклучено. Бакингемската палата не е безбедна ни за здравјето на кралот и кралицата, како и за остатокот од семејството, бидејќи отстранувањето на азбестот започна само пред неколку години.
Овој процес сè уште трае. Покрај тоа, постои можност парчиња од ѕидот да паднат врз минувачите. Такво нешто се случи во 2007 година кага за малку можеше да настрада принцезата Ана.
Оттука и не чуди што кралот Чарлс и кралицата Камила не размислуваат да се преселат во неа, ни откако ќе се заврши со реновирањето во 2027 година. За потсетување, за реновирањето кралското семејство ќе потроши 369 милиони фунти. Не им се допаѓа ни тоа што нема простор за приватност.
И покрај луксузот, изгледот и величествените размери, никој од денешната генерација не сака да живее таму. Ова не изненадува затоа што ниту кралицата Елизабета и принцот Филип не покажуваа интерес за палатата.
И додека членовите на кралското семејство не се ни најмалку заинтересирани за животот во палатата, секоја година милиони и милиони туристи плаќаат за да поминат низ вратите на за да можат за момент да почувствуваат како е да се живее како крал.
Кралот Чарлс веројатно никогаш нема да живее таму затоа што не само што ќе има 80 години кога конечно ќе завршат работите во 2027 година, а тоа се години кога само малкумина размислуваат за преселба, туку и затоа што веќе целосно го има адаптирано животот во Кларенс Хаус каде во моментов живее со Камила. Дизајнерот на ентериер Роберт Киме, рече дека ги исполнил сите нивни барања.
Како што тврдат добрите познавачи на кралските работи, Бакингемската палата е најмалку удобна за живеење од 12-те кралски резиденции, па затоа не е чудно што постои таков отпор од вселување. Токму затоа сегашниот монарх живее таму само кога мора, нешто како премиерот што живее во станот во Даунинг стрит. Од друга страна, Балморал, Сандрингам и Виндзор, како и Хајров, за нив се бегство од сите обврски.
Иронијата е поголема што кога обичен граѓанин ќе купи голема куќа, целосно ја користи за простор за живеење. Сосема е поинаква приказната со Бакингемската палата, бидејќи и покрај тоа што има 775 соби, владетелот е ограничен само на мал простор од зградата кој вклучува спална соба, бања и дневна, каде што главно остануваат поради лошата изолација на другите делови.
Сега многумина се прашуваа каква иднина ја чека Бакингемската палата? Она што треба да се претпостави е дека тековните 10 недели во текот на летните месеци, кога вратите на палатата се отворени за туристи, ќе бидат продолжени за да се максимизираат приходите. Повеќе делови од палатата би можеле да бидат отворени за јавноста.
Идејата да се претвори во музеј во кој Royal Collection Trust ќе може да изложи повеќе од својата колекција вредна милион долари, засега не е реализирана, а дали тоа ќе се случи не е познато.