Во групата „Сакаме чист Чаир“, беше споделено искуство на македонски иселеник во странство, кој дошол на одмор во Скопје. Тој го загубил својот паричник со девет илјади евра во него, но се изненадил кога жител на Сарај не само што го пронашол паричникот, туку и го пронашол сопственикот и му го вратил.
Сопственикот го пофали гестот на пронаоѓачот и му се заблагодари.