Следува продолжен викенд за православните верници овој месец, со што 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) ќе биде неработен ден.
Списокот на останати неработни денови се стеснува, а со цел подобро да ги испланирате овие денови за релаксирање ви го проследуваме:
За сите граѓани на РСМ
• 8 септември (петок), Ден на независноста,
• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,
• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.