Градејќи го својот имиџ на напредна EdTech организација, рамо до рамо со светските модерни образовни институции, Бреинстер континуирано расте и се развива, инвестира во нови производи и го проширува своето портфолио. Во моментов е и во потрага на нови вработени што ќе ја споделуваат нивната визија и мисија за создавање на образование за иднината.
Следејќи ги современите и постојано променливи трендови во образованието, особено во ИТ- индустријата, Бреинстер сериозно го зацврствува своето место на водечка едукативно-технолошка организација во Македонија.
Пристапот во едукативните програми на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот се состои во учење преку користење на компјутерските вештини, без разлика во кој домен, што создава образование кое одговара на предизвиците на иднината.
Градејќи го својот имиџ на напредна EdTech организација, рамо до рамо на светските модерни образовни институции, Бреинстер континуирано расте и се развива, инвестира во нови производи и го проширува своето портфолио.
Како резултат на тоа, Бреинстер го зголемува тимот и е во потрага по нови вработени што ќе ја споделуваат нивната визија и мисија.
По тој повод и за тоа како во Бреинстер се создаваат кадри што фокусирано работат на подобрување на образованието, разговараме со луѓето што знаат како „дише“ Бреинстер: Петар Ниновски, основач и извршен директор, Стефан Смиљаноски, извршен директор на Бреинстер Албанија, Фросина Климоска и Ева Костовска од тимот за човечки ресурси.
Напредок во кариерата – главен мотив за вработување во Бреинстер
Централно место во успехот на Бреинстер имаат инструкторите и професорите, што се движечката сила зад уникатното образовно искуство. Тие остануваат во првите редови на сите едукативни процеси, како и во развојот на нови производи, обезбедувајќи беспрекорен спој на посветеност, практичност и врвен квалитет, вели Ева од тимот за човечки ресурси.
„Бреинстер е компанија која се фокусира на постојан раст и развој на своите вработени преку менторство и поддршка од страна на лидерите. Чувството на припадност што го градиме е тоа што нѐ изводјува од другите. Како заедница сме свесни за визијата, мисијата и вредности на нашата компанија, но и секој од нас носи одговорност да го пренесе тоа меѓу колегите“, се надоврзува Фросина.
За секој индивидуалец да се посвети и на својот личен, но и на компанискиот развој, Бреинстер вложува големо внимание при изборот на кадрите. Како што појаснува основачот на Бреинстер, Петар, при селекцијата тие се водат од неколку принципи.
„Промовирање на искусни индивидуалци и нивно насочување кон нови предизвици и поставување на помалку искусни или нови вработени на веќе воспоставени улоги за да може да ги развојат своите вештини и способности“, вели Петар и додава како резултат на тоа има двојни придобивки – внатрешни промоции и раст во самата организација.
А Бреинстер не би била најдобрата едукативна организација ако не работи и на постојана доедукација и доусовршување на вработените што понатаму им овозможува кариерен напредок. Или како што појаснува Фросина, во тимот има повеќе алумни студенти од Бреинстер академиите, дел од нив на инструкторски или на лидерски позиции, кои низ годините се изградиле во врвни професионалнци што сега им го пренесуваат своето знаење на студентите.
„Ова важи за сите вработени на кое било ниво во Бреинстер бидејќи е докажан метод што носи резултати и нè направи лидери на пазарот по само 5 години од основањето. Тоа носи предност за самата организација, а со тоа по автоматизам и многу можности за кариерен раст за нашите вработени. Неретко најефективните во тимот добиваат шанса за унапредување или пак ротирање во позиција која повеќе им одговара на силните страни“, вели Стефан.
Предностите за работа во Бреинстер
Покрај искуство и докажан успех во полето во кое работат, ефективната комуникација и тимската работа се клучните професионални квалификации што ги одликуваат вработените во Бреинстер, вели Ева, која како вработена во одделот за човечки ресурси е првата што се запознава со профилот на кандидатите што сакаат да работат во Бреинстер.
Истото важи и при селекцијата на нови кадри. Балансот помеѓу професионалните квалификации во комбинација личните особини како што се креативноста, приспособливоста, страста за образование, културната усогласеност и емпатијата создава тим кој го поттикнува растот и успехот на Бреинстер, додава Фросина.
Петар и Стефан постојано даваат поддршка на тимот за човечки ресурси, со цел постапката на – креирање на отворени позиции, селекција на кадри и нивно успешно вклучување во работниот процес да биде во линија со основни вредности на компанијата, а тоа се раст и висок квалитет, и на образовните програми и на вработените.
За да се создаде успешен и продуктивен тим, вели Петар, од суштинско значење е да се има силен фокус на луѓето.
„Ова значи да се осигураме дека вработените ги имаат ресурсите што им се потребни за да успеат, дека се мотивирани и ангажирани и дека се чувствуваат ценети и почитувани“, додава тој.
Дел од тие ресурси се и поволностите за вработени, што се однесуваат на приватните потреби и им овозможуваат вистински баланс помеѓу работата и личниот живот. По ставки, Петар на следниов начин детално ги објаснува бенефитите за вработените во Бреинстер:
„Неограничени денови за одмор и флексибилно работно време – работиме напорно, но правиме сѐ за да имаме позитивно влијание врз нашите животи надвор од работните часови, приватна здравствена заштита, работа од кое било место, инвестирање во вработените за учење и развој, поддршка на различноста и стабилност на работните места – Бреинстер 3 години по ред се стекнува со сертификатот за деловна успешност, а од годинава се вбројува и во ТОП 500 најуспешни компании во Македонија“.
Одржливоста на компаниската култура што ја негува Бреинстер се гледа и низ конкретни бројки.
Колку за илустрација, вели Стефан, кога тој се вработил во Бреинстер на почетокот на 2020, биле тим од 18 луѓе.
„Денес, во втората половина на 2023 веќе сме 70 вработени. Toa e раст од 290%“, вели Стефан.
Планирањето на кариера во најнапредната EdTech организација во Македонија, Бреинстер, отвара многу можности за секој поединец. Како организација чија цел е трансформација на образованието, Бреинстер нуди и промена на работното искуство. Приклучувањето на тимот на Бреинстер значи споделување на заедничката цел – промена на образовниот пејсаж кој во крајна линија ќе го промени искуството и учењето за сите идни студенти.