Хороскопот за 2019 година веќе сугерира дека следната година ќе биде година на големи промени во сите аспекти од вашите животи. За некои хороскопски знаци работите ќе се променат на подобро, додека пак за некои хороскопски знаци работите ќе се движат во надолна линија. За овие 5 хороскопски знаци некои работи можеби никогаш нема да бидат исти!
Бик: Хороскопскиот знак кој ќе доживее најголеми промени
Кажете ѝ збогум на вашата досадна рутина, вашиот живот ќе се промени, а во 2019 година ќе откриете своја нова страна. Ќе бидете посигурни и посмели, особено кога е во прашање љубовта! Оваа година, вашата страст и енергија ќе ја зачини вашата вообичаена секојдневна рутина!
Во 2019 година вашиот труд целосно ќе се исплати. Од мај до септември ќе вложите најголем труд и ќе бидете наградени за тоа. Промени ќе има и од финансиски аспект, почнувајќи од април до јуни.
Односите најдобро ќе функционираат со други земјени знакови. Оние кои се родени од 4-6 мај и 26-28 април, ова ќе биде важна година на љубовно поле.
За да ги остварите своите цели за оваа година, би требало да работите со цврста група за поддршка, за да се подготвите пред јуни, да завршите некои истражувања и да ги подобрите некои лични вештини. Во мај и јуни 2019 година доаѓа до промена на насоките. Ако напорно работите од почетокот на февруари до почетокот на јуни, тоа ќе ви донесе благосостојба.
Лав: Доаѓа до позитивни промени
За вас, 2019 година е година на разбирање и реализации. Конечно ќе преземете потребни чекори за да ги остварите своите соништа. Можеби нема секогаш патот да биде рамен и иако сте навикнати сите препреки успешно да ги совладувате, ова би можело да биде нешто со кое нема баш најлесно да се носите.
Во секој случај, промените ќе бидат добри и ќе ви овозможат да пронајдете вистинска љубов! Првите месеци повеќе ќе бидете сосредоточени на пријатели и односи, љубов и финансии, а можно е да доживеете неколку изненадувања од некоја личност на почетокот на годината. Од крајот на јуни до октомври имате најголеми шанси за личен развој, ќе имате повеќе енергија и ќе чувствувате повеќе страсти.
Најпродуктивниот период за вас почнува на крајот на јуни и ќе трае до почетокот на октомври. Ќе имате повеќе енергија и ентузијзам за живот. Оние родени меѓу 11 и 17 август ќе искусат најголем личен развој, а на крајот на август ќе ги остварите свои цели.
Девица: Година на големи промени
Без оглед на вашата срамежливост, оваа година ќе излезете од својата школка. Конечно ќе се ослободите од вашите стравови и грижи и ќе преземете контрола над вашиот живот. Време е да управувате со својот животен пат и да запомните дека животот е она што вие го создавате за себе.
Зошто да не започнете нова кариера за која долго сте сонувале или да прекинете врска која повеќе не ве прави среќни? Иднината е ваша! Промените ќе почнете да ги чувствувате уште при крајот на 2018 година и ќе продолжат да се случуваат и во 2019 година.
Ова е идеална година за брак или зголемување на семејството, а многумина ќе станат родители. До мај ќе постои потреба за некакво ограничување, а во периодот од август до септември можно е треба да внимавате на килограмите и исхрана.
Ова е година кога имате највеќе шанси за зголемување на самодовербата. Јупитер ќе остане во вашиот знак до крајот на септември 2019 година и ќе ви даде многу шанси за напредок. Некаде околу средина на годината ќе ве следи дополнителна среќа.
Јарец: Ќе станете поодважни
Ова е големагодина за вас! Ќе се чувствувате непобедливи и ништо нема да ве уплаши. Во љубовта и работата, ќе чекорите по патеки по кои претходно не сте се осмелиле да чекорите. Иако порано бевте налик осамен волк, сега ќе барате друштво и повеќе нема да се плашите да го отворите своето срце.
Годината може да започне со некоја неизвесност во вашиот живот поради одлуки кои нема да можете да ги донесете во декември 2018 година. Од 6 јануари до 6 февруари ќе донесете одлука или ќе се премислите околу нешто што претходно сте го одлучиле. Односите со другите луѓе можат да бидат подрачје кое оваа година ќе ве тестира. Најважните лекции ќе дојдат во периодот од мај до август.
Годинава би можеле повеќе да патувате и на тој начин да се сретнете со оние кои исто така сакаат да се подобрат. Во јануари можно е да донесете некои важни резолуции и да си поставите цели. Најдобро време за остварување на тие цели е од јули до септември 2019 година.
Риби: На видик се позитивни промени
Како интуитивна Риба, веројатно веќе чувствувате дека 2019 година ќе биде година на промени! Ќе биде подготвени да ги оставите дилемите и стравовите настрана за да ги постигнете своите соништа. Нема да дозволите луѓето да ве газат. Дури и ако тоа значи дека морате да бидете посилни од она на кое сте навикнати, ќе заборавите на вашата срамежлива страна.
Следната година можно е да се случат нови и необични случувања. Можеби ќе бидете малку немирни и ќе барате нови искуства и ќе ја разбиете рутината која ја гуши вашата индивидуалност. Можеби ќе покажете и некои бунтовни тенденции, особено ако другите луѓе се обидат да ви наметнат ограничувања, а јуни е баш таков период.
Најголем развој ќе доживеат вашите односи, во ова поле ќе уживате и ќе добиете просветлување, а почетокот на мај ви носи можност. Важни одлуки треба да носите во август и септември. Оваа година морате да бидете искрени кон себе и да следите некои свои идеи, иако тоа може да ве претвори во бунтовник.
Од средината на јануари до средината на март планетите ќе ви помогнат во нови области од вашиот живот, ќе имате поддршка и ќе чувствувате дека ова е ваше време за промоција на вашите идеи. Оние родени на 19 и 27 февруари највеќе ќе ги почувствуваат промените.
skopje24.mk