Ориз, фен, рерна... ова се само дел од митовите за спас на телефонот откако ви паднал во вода. Некому му успеало едно, некому друго, но ова сигурно не смеете да го направите.
Ако телефонот ви паднал во вода, може да го спасите со доволно трпение. Сепак, она што значи дефинитивна смрт за телефон што паднал во вода (или друга течност) е струјата.
Откако сте го извлекле, никако не се обидувајте да го ставите телефонот на полнач, ниту да го вклучувате да проверите дали работи.
Електричната енергија и евентуалната вода што успеала да продре внатре може да направат краток спој и да предизвикаат уште поголема штета. Дури и ако телефонот „покажува знаци на живот“, најдобро е да го исклучите зошто оштетувањата може да бидат видливи дури подоцна, кога водата ќе тигне до конекторот и до сензорот.
Еден од најпопуларните совети е да го ставите потопениот телефон во сув ориз за да се извлече влагата. Вистината е следна: прашината, шеќерите и минералите од ориот може да е вовлечат во уредот и да го оштетат. Точно е дека ориот може да ја вшмука влагата, но не од внатрешноста на телефонот.
Немојте ни случајно да се обидувате да го сушите телефонот со фен! Така само ќе ја насочите течноста подлабоко во телефонот, а топлината може да ги оштети жиците.
За митот за рерната нема потреба да ве предупредуваме колку глупава идеја е тоа, нели?
Извор: kajgana.com