Успехот не значи само да имате многу пари. Всушност, постојат голем број на луѓе кои имаат многу пари, но истовремено и многу несреќни животи.
Баш поради тоа можеме да кажеме дека успехот е во континуираното подобрување на себе, својот живот и на начин на кој придонесуваме во светот.
Во светот има многу малку навистина успешни луѓе, а причините се очигледни. Да се успее е многу тешко. Меѓутоа, постојат одредени промени кои може да ги внесете во вашиот живот за да имате експоненцијално поголеми шанси за успех.
Најчести причини за неуспех:
Живот без цели
Изреката вели: „Доколку влезеш во погрешен воз, секоја ситница е погрешна“. Во реалноста, доколку немате цели, секогаш ќе бидете во погрешен воз. Без цели единствено што можете да направите е да се надевате дека тоа што го сакате на некој магичен начин ќе се појави пред вас. Меѓутоа, доколку навистина сакате да успеете, тогаш немојте да чекате среќните околности да се случат. Зацртајте ги своите цели, направете планови и тргнете со мали чекори кон успехот.
Немате желба за издигнување над просекот
Доколку немате желба да бидете успешни, тогаш никој и ништо не може да ви помогне. Всушност, нема ни потреба некој да ви помага затоа што вие не сакате успех. Се задоволувате со мали работи и просек и тоа е целосно во ред.
Не работите на своето образување
Кога говориме за образување, не говориме за училиште или факултет. За човек да биде образуван, потребно е повеќе од тоа. Образуван е оној човек којшто научил од животот да добива сѐ што сака, а притоа да не ги загрозува правата и интегритетот на другите луѓе. Со самото тоа, образованието не е стриктно поврзано само за знаењето, туку и за примената на знаењето во пракса.
Ви недостасува самодисциплина
За да управувате со животот, неопходно е да научите да управувате со себе. Успехот бара многу работа и труд и веројатно ќе помине многу време пред да добиете резултати. Баш тоа ги охрабрува поголем дел од луѓето и ги тера во потрага по секојдневните ситни задоволства кои долгорочно ги нарушуваат шансите за успех.
Ви недостасува фокус
Личност која се занимава со сѐ по малце ретко кога е успешна во нешто. Народната изрека вели: „Доколку ловиш две животни истовремено, нема да уловиш ни едно“. За да ги зголемите шансите за успех во било која област потребно е сите свои напори да ги насочите кон една клучна цел и да не ја расипете енергијата со непотребни работи.
Бегате од одговорност
Секоја работа која ви се случува во животот ја прифаќате како сопствена одговорност затоа што „тоа е тоа“. Не ги обвинувате другите, не ја обвинувате околината, не ги обвинувате родителите, државата или лошата среќа. Секогаш и во секоја ситуација имате избор, а тоа што моментално ви се случува е само последица на избори кои сте ги донеле во минатото. Успехот не е ништо друго освен вистински избори кои сте ги направиле и чија вредност во текот на времето се зголемува.
Одолговлекувате
Ова е една од најчестите причини поради кои поголем дел од луѓето никогаш не го вкусуваат успехот. Наместо да го користат секој момент за работа на конкретни работи со кои би се приближиле до успехот, луѓето тежнеат кон тоа работите да ги оставаат за утре. Меѓутоа, кога тоа утре ќе дојде, тие своите обврски повторно ги оставаат за утре и влегуваат во магичен круг којшто може да трае со години.
Перфекционисти сте
Совршенство не постои. Колку побрзо го сфатите тоа, ќе имате шанса за успех затоа што вашата потреба за совршенство спречува да започнете со било што. Затоа дајте сѐ од себе, тежнејте кон работите да бидат што подобри, но заборавете на совршенството и престанете да го чекате вистинскиот момент затоа што тој можеби никогаш нема да дојде или ќе дојде предоцна.
Опкружување и познанства
За да бидете успешни, опкружете се со успешни луѓе. Доколку моментално немате такви луѓе, тогаш сменете го опкружувањето. Денес е полесно отколку некогаш да запознаете нови луѓе, на располагање имате социјални мрежи, настани, предавања, собири... Излезете од зоната на комфор и дајте си себеси шанса да запознаете нови луѓе.
Мислите дека сѐ можете сами
Џеф Безос, Илон Маск, Стив Џобс... Никој од нив не успеал сам, па така нема ни вие. Откажете се од идејата дека сѐ можете сами и дека на патот кон успехот не ви се потребни сопатници. Успехот бара широко знаење од различни области, а такво знаење речиси е невозможно да пронајдете во една личност.