Американецот Џастис Рид, инаку познат тиктокер, патува со југо на Балканот.
Toj решил да се пресели во Србија, но секако ќе го прошета цел Балкан, и тоа не во било каков автомобил, туку – во златно југо. Него го купил со цел да го доживее во целост животот на Балканецот.
„Уште како дете сакав да купам Југо, затоа што се мразам себеси и мислам дека дојдов на вистинското место. Добредојдовте во Србија“, вели Рид.
Прва дестинација му била Сараево.