Извршниот директор на Амазон им одговори „Најверојатно нема да ви успее“ на вработените кои ѝ пркосат на политиката на компанијата да се вратат во канцеларија најмалку три дена во неделата.
Вработените во Амазон со месеци се спротивставуваат на политиката на компанијата за враќање во канцеларија – и се чини дека на извршниот директор Енди Џеси му е дојдено преку глава. За време на претходно снимената внатрешна сесија за прашања и одговори претходно овој месец, Џејси им кажал на вработените дека „поминаа времињата во кои можеа да не се согласуваат, но да се обврзаат“ на политиката, која бара од вработените во корпорацијата да бидат во канцеларија три дена во неделата.
Фразата „не се согласувам и се обврзувам“ е еден од лидерските принципи на Амазон, фраза која често ја користел основачот на компанијата и актуелен извршен претседател, Џеф Безос. „Ако не можете да не се согласувате и да се обврзете, веројатно нема да ви успее во Амазон“, рече Џеси, додавајќи дека не е во ред некои вработени да бидат во канцеларија три дена во неделата, додека други одбиваат да го сторат тоа.
Неговите коментари прво ги објави Business Insider, а подоцна ги сподели и Amazon.
Тековниот мандат за присуство на канцелариите, кој беше објавен во февруари и стапи на сила во мај, е промена од претходната политика на Амазон што им овозможи на лидерите да утврдат како функционираат нивните тимови.
Но, компанијата во вторникот рече дека ја отфрла идејата дека претходната политика требаше да биде норма и укажа на блог пост од 2021 година каде Џеси истакна дека Амазон ќе „продолжи да ги приспособува“ работите како што ќе се појават повеќе информации.
Кога ја објави ажурираната политика претходно оваа година, Џеси напиша во белешка до персоналот дека Амазон ја донел својата одлука откако набљудувал што функционирало за време на пандемијата и разговарал со лидерите во други компании. Тој рече дека високите директори на компанијата, внатрешно познати како S-team, заклучиле дека вработените имаат тенденција да бидат повеќе ангажирани лично и полесно да соработуваат.
Но, многу работници не се убедени. Во мај, стотици вработени на Амазон протестираа против новата политика за време на демонстрациите за ручек во седиштето на компанијата во Сиетл во САД.
Во тоа време, внатрешен канал на Slack кој се залагаше за работа од дома собра 33.000 членови. Некои вработени, исто така, ја притискаа компанијата да обезбеди податоци што ги поддржуваат тврдењата на Џеси.
Во јули, Амазон, воведе политика која бара некои работници во помалите канцеларии да се преселат во главните канцеларии лоцирани во поголемите градови, според повеќе медиумски извештаи.
Амазон вработува 1,4 милиони луѓе ширум светот, но не наведува колку од нив работат во канцелариски услови, наспроти работа во неговите магацини и други локации.
Извор: pari.com.mk