
Семафорите за велосипедисти поставени во Барселона предизвикуваат вистински хаос во сообраќајот, што и не е некое изненадување кога ќе погледнете како изгледа еден од нив.
Таканаречениот „Тетрис семафор“ има дури 16 екрани, а осмислен е за да го олесни движењето на велосипедистите. Меѓутоа, тој има целосно спротивен ефект.
Семафорот има 8 екрани кои покажуваат кога велосипедистите можат да свртат лево, да продолжат право или да свртат десно. Тоа начелно делува одлично, но бројните различни светла и стрелки потполно ги збунуваат велосипедистите, но и сите останати учесници во сообраќајот.
Проблемот се јавува на раскрсница на две двонасочни велосипедски патеки бидејќи семафорот тогаш нема 8, туку 16 екрани кои треба да го регулираат сообраќајот.
Кој и кога мора да запре, кој треба да сврти лево или десно или пак да продолжи право? А дури кога ќе се појави жолто светло и треба да се тргне, но и да се пропуштат пешаците ако се во близина...
И покрај бројните поплаки, градските власти не гледаат проблем во ваквите семафори и им порачуваат на велосипедистите дека треба само да се навикнат на нив.