Австралискиот милионер Метју Лепре бара личност која ќе патува со него низ светот, а за таа „работа од соништата“, како што многумина ја опишаа, нуди плата од 35.000 евра.
31-годишниот богаташ се занимава со е-трговија, а во слободното време патува низ светот и бара помошник кој ќе му се придружи на патувањата, пишува Ladbible, а пренесува Индекс.
Лепре ја изгради својата деловна империја преку онлајн бизнис и бизнис курсеви за обука, откако го напушти колеџот на 23-годишна возраст. Заради потребите на неговата работа, во последните пет години посетил 30 земји.
Бара вредна личност
„Барам вредна личност која ќе ми помогне во мојот бизнис. Ми треба десна рака да ми помага при патувања и административни задачи“, изјави тој.
Може да се пријават и лица без претходно искуство на работното место, а конкурсот е отворен за сите оние кои имаат валиден пасош, кои сакаат да патуваат, педантни се во работата и можат да ја прекинат врската со секојдневните работни места и да скокнат во авионот и тргнат.
Освен што нуди можност да патува низ светот со платени патни трошоци, милионерот нуди и плата од 35.000 евра, а новиот асистент ќе може да ги вози неговите скапи автомобили.
Тој бара нов личен асистент
Мислите дека понудата е премногу добра за да биде вистинита? Па, Лепре веќе направи нешто слично. Пред четири години објави отворен повик за личен асистент, а тогаш се пријавија околу 70.000 луѓе. Поранешен студент по мода на крајот ја доби работата.
Истата година, тој покани и личен фотограф да патува со него за да го фотографира за неговиот Инстаграм, нудејќи плата од 32.000 евра.
Можете да аплицирате за работата преку неговата веб-страница на Ecom Warrior Academy.
Извор: biznisinfo.mk